Претседателот Пендаровски ги посети најзначајните културни установи во Струга

- Локални
478
Во работна посета на Струга, претседателот на Република Македонија, Г-дин Стево Пендаровски беше во посета на  Спомен – галеријата на Вангел Коџоман, Спомен-куќата на Браќата Миладиновци , спомен-куќата на Владо Малески и Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци. “
,,Ми беше чест да ја посетам спомен – галеријата на Вангел Коџоман, еден од основоположниците на македонската современа уметност. Покрај постојаната тематска изложба на Коџоман „Струга во минатото“, во овој музеј кој е дел од нашето културно наследство, се организираат изложби на млади академски уметници, а во својата збирка поседува дела на реномирани домашни и светски автори. Галеријата на Коџоман е една од најпосетуваните културни институции во Струга од страна на домашните и странските туристи.,, – посочи Пендаровски.
Претседателот го истакна и суштинското значење на дејноста на Браќата Миладиновци.
,,Ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас.,, – изјави Пендаровски
Тој ја посети и  спомен-куќата на Владо Малески, еден од основоположниците на современата македонска проза и истакнат општествено-политички работник.
,,Во Струга го посетив и Центарот за култура чијшто дел од фасадата го краси мурал посветен на ликот и делото на Владо Малески. Авторот на муралот, Горан Ристовски ме запозна со композицијата на муралот во кој доминира струшкиот вез симболизирајќи го романот на Малески „Разбојот“, а го содржи и неговиот портрет и дел од текстот од химната „Денес над Македонија”.,, -потенцираше претседателот.
Strugaonline

Facebook Коментари