Претседателот Пендаровски изрази поддршка за струшките активисти и волонтери кои организираат еколошки акции

- Локални
459

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изрази поддршка за струшките активисти и волонтери кои во континуитет организираат еколошки акции.

– Единствено преку личниот пример ќе ја подигнеме јавната свест и одговорност да ја чуваме природата и ќе придонесеме за еколошки почиста околина. Поддршка за струшките активисти и волонтери кои организираат еколошки акции за чистење на брегот на Охридското Езеро, вели претседателот Пендаровски.

Ндерим Положани, иницијатор на акцијата и претседател на планинарскиот спортски клуб „Капс“ од Струга, изрази надеж дека нивната граѓанска иницијатива ќе ја поттикне локалната самоуправа да ги поддржи во нивните наредни активности.

Strugaonline

Facebook Коментари