Претставата „Аналфабет“ одложена, наместо вечерва ќе се игра на 23-ти мај

- Локални
763

Oд Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид информираат дека театарската претстава „Аналфабет” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески, што беше закажана за вечерва, се откажува и истата ќе биде одиграна  на ден 23.05.2019 година (четврток). Откажувањето е поради здравствени проблеми на актер вклучен во прествата.
Од охридскиот центар за култура додаваат дека билетите  ќе важат или истите може да ги замените на билетарницата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари