Претставата „Аналфабет“ вечерва повторно ќе се одигра во Охрид

- Локални
866

 Комедијата „Аналфабет“ (работена според текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески) повторно е на репертоарот на Охридскиот народен театар.

Сите љубители на театарската уметност оваа претстава ќе можат да ја проследат вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 20 часот.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

Зад сценографијата се потпишува   Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е наменета  за лица помлади од 14 години.

Facebook Коментари