Се чекаат новите цени на горивата во Македонија

- Македонија
870

Согласно последната одлука која Регулаторната комисија за енергетика ја донесе после Велигденските празници, бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар, а дизелот поскапува за 3 денари.

Следствено на тоа ,малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98  е 69,50 ден/лит. Новата цена цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  41,00 ден.

После празникот на трудот (1 мај ),се чека одлуката на Регулаторната комиција за енергетика, односно новата цена на горивата во Македонија.

Facebook Коментари