Претставата „Аналфабет“ во петок ќе се игра во Охрид
Kомедијата „Аналфабет“ по текст на Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески, на репертоарот на Охридскиот народен театар ќе биде изведена во петок 21.06.2019 година.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства. Почетокот е закажан за 20:00 часот.
Strugaonline

