Претставата „БААЛ“ на 4-ти и 5-ти декември пред охридската публика

- Локални
967
Љубителите на театарската уметност од Охрид и Струга ќе имаат можност да ја проследат претставата „БААЛ“  во режија на Андреј Цветановски, кој за своето ново театарско остварување ќе рече:
„Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров. Претпремиера ќе се игра во  понеделник 4-ти декември во 20:00 часот во Охридскиот народен театар,  а  премиерата во  вторник, на 5-ти декември во 20:00 часот.
Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за Премиера.
Во претставата играат : Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ Тодороска,  Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов,  Филип Кипровски и  Тони Денковски.
Strugaonline

Facebook Коментари