Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања им го одзеде имунитетот на шесте пратеници

- Македонија
763

Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања едногласно  (со пет гласа „за“ и ниту еден „против“)  ги одобри барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поднесени од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 28-ми ноември.

Ниту еден член на комисијата од редовите на ВМРО ДПМНЕ  не присуствувал на седницата.

После ова,  барањата одат на пленарна седница на Собранието, каде што пратениците ќе треба да ги изгласаат.

Извор: А1он

Фото: архива

Facebook Коментари