Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет повторно ќе се игра во Охрид

- Локални
204

Актерите од Охридскиот народен театар на 17-ти ноември, повторно ќе ја одиграат претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ангел Ристоски.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари