Претставата ,,Лавиринтот“ вечерва ќе се игра во Охрид

- Локални
115

Вечерва, со почеток во 20:00 часот на репертоарот на Народен театар Охрид повторно е претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.

– Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.

Претставата за која препорачана возраст е +16 години ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а билетите се продаваат по цена од 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари