Лев банер Десен банер

Претставата ,,Љубов во струшко Нерези“ вечерва хуманитарно за Бојан Крстески

После успешно одиграната премиера на урнебесната комедија ,,Љубов во струшко Нерези“ по текст на Татјана Трифуноска Ѓоршески, а во режија на Ристе Миладин,  пред преполна сала, на барање на публиката,  членовите на Драмското студио ,,Миладин“ вечерва во 19:30 часот повторно ќе ја одиграат популарната претстава, овој пат со хуманитарна цел.

Влезниците се по цена од 150 денари, а сите средства собрани од билетите ќе бидат донирани за младиот стружанец Бојан Крстески.  Од Драмското студио ,,Миладин“ ги повикуваат сите љубители на театарот да ја проследат оваа претстава и во исто време да бидат хумани.

Освен со купување билет за претставата, за Бојан можете да донирате и на бројот 143 131

Strugaonline

error: