Вечерва во Охрид премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија

- Локални
196
Вечерва на кино репертоарот во НУ Центар за култура,,Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија,  со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.
Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.
Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје.

Facebook Коментари