Претставата „Стаклена менажерија“ утре пред охридската публика

- Локални
561
Утре со почеток во 20:00 часот во Центар за култура Григор Прличев во Охрид ќе биде одиграна театарската претстава „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс.

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.- вели режисерката Софија Ристевска Петрушева.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”

Strugaonline

Facebook Коментари