Презентација на Бесптална правна помош утре во Струга

- Локални
269

Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош  како и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги, ќе се организираат настани за подигање на свеста и ќе се реализизраат и презентација во Струга, на 30 септември 2023, 09:00ч пред градскиот пазар и во Охрид 01 октомври 2023, во 11ч пред градскиот пазар. На презентациите ќе присуствуваат и John Eams – консултантот на Совет на Европа и судија во Велика Британија, како и Victor Zaharia – консултант на Совет на Европа и престедател на Советот за правна помош во Молдавија,

Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, коишто ќе се одржат во различни региони во државата со цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.

Јавните промоции ќе допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Оваа иницијатива е организирана во рамките на проектот „ За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа  „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“


За повеќе информации и техничка поддршка
:
Синиша Пекевски: [email protected] /+389 71 386 091

Ирена Цуцулоска Јакимовска: [email protected] / + 389 70 900 236   

Facebook Коментари