Приказната за „Човекот-делфин“ пред струшката публика

- Локални
1271

Популарната приказна   за „Човекот-делфин“ во режија на Лефтерис Чаритос ќе може да ја погледне и публиката во Струга.

Ова е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон.

„ Во секој од нас спие по еден делфин“, вели човекот кој ги помести границите на човечкото тело и ум, но не заради рекордите, ами заради слободата што се раѓа во длабокото, каде што синото повеќе не е сино, каде што небото и чувствата стануваат сеќавања, каде што тишината е потполна, а времето не постои.

Приказната за францускиот делфин премиерно ќе биде раскажана  трипати и тоа во Скопје, Охрид и Струга. Премиерата во Струга е закажана за  4.11. (сабота) во 20:00 часот во Спомен куќа „Браќа Миладиновци“, а  цената на билетите изнесува 100 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари