Лев банер Десен банер

„Приказни за две библиотеки“: Струга и Корча се поврзуваат преку книгата и културата

Во Паркот на поезијата при НУ – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, утре со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи книжевната манифестација „Приказни за две библиотеки“.

Манифестацијата ќе ги обедини авторите од Струга и Корча, кои преку книгата, пишаниот збор и културата ќе придонесат за продолжување на соработката меѓу двата града и нивните културни институции.

Настанот се реализира во рамките на соработката со библиотеката „Тими Митко“ од Корча, со што книгата повторно се потврдува како значаен мост за културно поврзување и размена.

Во рамките на програмата е предвидена и посета на Подрачната библиотека во Вевчани, со што книжевната средба ќе добие поширока регионална димензија.

„Приказни за две библиотеки“ ја носи симболиката на две библиотеки, два града и еден мост – книгата, преку кој се поврзуваат автори, читатели и културни средини од двете страни на границата.

Манифестацијата е финансирана од Општина Струга, а претставува можност за унапредување на културната соработка и афирмација на книжевното творештво во регионот.

StrugaOnline

error: