Приведен стружанец, полицијата пронашла марихуана во неговиот дом

На 14.12.2022 во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.О.(60) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

