Сообраќајна несреќа во Охрид, тешко повреден пешак

- Хроника
478

На 14.12.2022 околу 19.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71), удрило во пешакот Ж.Ѓ.(76), двајцата од Охрид. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари