Приведено уште едно лице кое се сомничи за инцидентот кој се случи на паркинг простор пред угостителски објект во Охрид

- Локални
1707
На 12.11.2023 година во 16.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.Б.(23) од Охрид. Тој се сомничи дека заедно со претходно приведените А.Т и К.С., двајцата од Охрид, во 02 часот на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, физички ги нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари