Утре со почеток во 10: 30 часот ќе се одржи последната проба за манифестацијата ,,Бадникова поворка 2024“ во Струга.
За главниот настан што ќе се одржи на ден Бадник (6-ти јануари,) собирот е закажан за 10 и 30 часот во Соборен храм ,,Свети Ѓорѓи“, а годинава се очекува да учествуваат околу 600 дечиња.
-Да се собереме сите и да тргнеме низ Струшките улици, нека ечи градот од детските грла со песната ,,Вечниот Бог“. После поворката, сите ќе бидеме во дворот на црквата, да си поделиме пакетчиња, да се дружиме и да уживаме во Бадниковата закуска. Ги замолувам сите учесници во поворката за достоинствено однесување, а родителите да се движат позади поворката затоа што симболиката е Христовото раѓање да го навестат најмладите. “-вели за Strugaonline Лидија Николовска од ,,Бадникови поворки-Струга“.
Таа додава дека со самото учество во Бадниковата поворка, сите дечиња добиваат благослов од Христос и Мајката Божја.
-Ви посакувам на сите вашите срца да станат пештери подготвени да го вселат внатре Богомладенецот-потенцира Николовска.
Strugaonline
Facebook Коментари