Проблемот со струшката депонија повторно актуелен, Граѓанската иницијатива „Доста“ со нови барања

- Локални
1191

После синоќешното спалување на дивата струшка депонија граѓаните револтирани, а Граѓанската иницијатива „Доста“ со барања и апели до надлежните.

Вечерва повторно сме сведоци на (немерно или ненамерно) спалување на депонијата, чад и неподнослива смрдеа повторно се шири низ Струга. Надлежните не ги послушаа нашите апели за итно набавување на големоволуменските прес контејнери и нивно итно ставање во употреба. Секој изминат ден количеството на новоодложен отпад на дивата струшка депонија се зголемува а со тоа пропорционално се зголемува и опасноста од нејзино спалување. Го упатуваме следниот апел:
1. Бараме под итно некој од надлежните (Општина Струга или Влада на Р.М. да ни достави информација околу тоа до каде е постапката за набавка на прес контејнерите.
2. Доколку сеуште не е започната постапката за набавка на прес контејнерите БАРАМЕ ПОД ИТНО нивна набавка и ПОД ИТНО нивно ставање во употреба.
Во текот на утрешниот ден од наша страна ќе биде поднесен писмен поднесок до Општина Струга и Влада на Р.М. со горенаведените барања. – информираа синоќа од „Доста“

Проблемот со дивата струшка депонија се влече петнаесеттина години, велат еколозите, а нејзиното спалување стана се почесто од Велигденските празници , се до денес. Поради овој проблем граѓаните на Струга одржаа низа протести.

Извор: Strugaonline

Фото: Граѓанска иницијатива „Доста“

Facebook Коментари