Мелбурн е најдобриот град за живеење во светот

- Свет
947

„Економист“ уште еднаш го прогласи Мелбурн за најдобар град за живеење со највисоки оценки за здравство, образование и инфраструктура.

Индексот на „Економист“ (EIU) рангирал 140 градови секоја година, според следниве категории: стабилноста, културата и животната средина. Виена уште еднаш остана на вицешампионската позиција а Ванкувер е на третото место

Аделаид е следниот најдобар австралиски град што заврши на петтото место. Перт се најде на седмото место, додека Сиднеј на единаесеттото.

Мелбурн, по рекорден седми пат е на врвот  со 97,5 поени од вкупно 100 поени. Првите пет земји останаа непроменети од минатата година.

Фото: ABC

„Овој светски рекорд е неверојатен подвиг на кој сите граѓани треба да бидат горди“, изјави градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл. – се наведува во статијата.

„Ова признание е важна точка за Мелбурн, особено во интернационална смисла: за бизнисите да инвестираат или да се преселат тука, за најдобрите и најпаметните луѓе да пронајдат дом во Мелбрун и за туристите да нè посетат. Нормално дека не сме совршени. Ниту еден голем светски град не е, меѓутоа, треба да бидеме горди на работата што ја постигнавме заедно и со тоа да го направиме Мелбурн најдобар град за живеење во светот“, додава тој.

Фото: АBC

Во извештајотсе вели дека тековната закана од тероризам во светот влијаела врз голем дел од резултатите.

Причината поради која Мелбурн ги надмина другите градови најмногу била поради ниската стапка на криминал, и покрај зголемувањето на грабежите и кражбите во последните 12 месеци. Сепак, и Мелбурн има свои проблеми.

Градот се бори со растечката и сè поголема видлива криза на бездомништвото.

Фото: ABC

Прашањето за достапноста на станови исто така предизвикува стрес бидејќи цените на имотот продолжуваат да растат, спречувајќи многу луѓе да купат и да поседуваат дом. Цената на изнајмувањето исто така е прилично висока.

Ема Кинг, главен и извршен директор на викторијанскиот совет за социјална служба, вели дека индексот создал искривена слика за животот во Мелбурн.

„Дали Економист анкетирал некој што живее под мост или некој што прескокнал оброци за да си ја плати сметката за струја? Мелбурн е одличен град, но за многумина сè што обезбедува е тежок живот“, вели Кинг.

Во анкетираните земји не е вклучена ниту една земја од Балканот

Facebook Коментари