Проекција на филмот „Лицата на Лафора“ во чест на Денот на ретките болести вечерва во Охрид

- Локални
792

Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“.

 Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија Охрид.

 На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија.

 „По завршувањето на проекцијата на филмот чест ни е да ве поканиме во Ноќниот клуб „Хавана“ на забава да ги обоиме нашите лица со боите на ретките болести и со тоа да го дадeме својот придонес во глобалниот настан @RareDiseaseDay.“ – велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари