Проекција на филмот ,,Рока го менува светот“ денеска во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“
Во рамки на неделата на детски филмови во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ денеска со почеток во 13:00 часот ќе се прикажува филмот ,,Рока го менува светот“.

Рока има 11 години и живее прилично уникатен живот. Додека нејзиниот татко гледа над неа како астронаут од вселената, Рока живее сама со нејзината верверица и за прв пат во нејзиниот живот оди во нормално училиште. Таа мора да се бори да ја зачува својата уникатност и независност и да докаже дека и децата можат да го менуваат светот.
Станува збор за германски филм во режија на Катја Бенрат.
Strugaonline
фото: архива

