Преподобен Јосиф Песнописец

- Македонија
71

Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 4-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Преподобен Јосиф Песнописец.

Овој Јосиф потекнуваше од Сицилија. Подоцна дојде во Солун и таму се замонаши. Во Цариград отиде по молба на Григориј Декаполит, кој беше восхитен од добродетелите на овој смирен монах и голем поет. Во време на иконоборечката криза преподобен Јосиф беше заточен од еретиците шест години на островот Крит, а откако помина шумот на оваа ерес, тој повторно се врати во Цариград.

Како голем духовник, кој најпрво самиот ги поминал сите скали во духовниот живот, светиот патријарх Фотиј го постави за духовник и исповедник на цариградското свештенство.

Се упокои мирно во 883 година.

Извор: МПЦ ОА

Facebook Коментари