Проекција на филмот ,,Што е тоа жена“ вечерва во камп ,,Скаут“-Струга

- Локални
219

Вечерва со почеток во 20:30 часот во камп ,,Скаут“ во Струга ќе се прикажува филмот ,,Што е тоа жена“.

Станува збор за филм кој е поврзување на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува современата тема околу правата на жените, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.

Прикажани се повеќе интервјуа со најразлични профили на луѓе – професори, доктори, психијатри, психолози и сл., кои кажуваат  свое видување на прашањето што е тоа жена.

Влезот за вечерашната проекција е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари