Прогласување и наградување на победничките есеи за 2017 година во Центарот на заедницата на општина Струга

- Локални
974

Како дел од стратегијата за млади на општина Струга воедно и дел од своите предвидени активности за 2017 година, Центарот на заедницата на општина Струга  втора година по ред организираше конкурс за есеј наменет за млади на возраст од 15-20 години од општина Струга.

Jавниот настан-прогласување и наградување на победничките есеи,  ќе се одржи на 14.06.2017 година (среда) во просториите на Центарот на заедницата на општина Струга, со почеток во 14:00 часот.

Учесниците на конкурсот на кој пристигнаа квалитетни и креативни есеи имаа можност да пишуваат на темите:
– “Јас, како активен граѓанин на мојата општина” и
– “Општина по моја мерка”
Есеите беа разгледани и оценети од страна на стручна комисија составена од професори и претставници на Центарот на заедницата на општина Струга, а беа оценувани нивната оригиналност, креативност на мислата, структура и доследност на аргументите како и релевантноста со темата на конкурсот.
На настанот каде учество ќе земат медиуми, наставници, претставници од општина Струга како и други релевантни институции, ќе бидат промовирани и наградени најдобрите есеи.
Активноста е финансиски подржана од страна на Фондација отворено општество Македонија во рамките на институционалниот гранд кој што Центар на заедницата на општина Струга го има добие за 2017 година.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари