EXIT со веќе 80% исполнет капацитет!

- Забава
980

До EXIT фестивал остануваат уште помалку од месец дена, а веќе се пополнети 80% од капацитетот на фестивалот кој ќе се одржи од 5-ти до 9-ти јули на Петроварадинска тврдина! По многу успешниот Sea Star фестивал во Умаг, каде што поради огромниот интерес трикратно беше зголемен првобитниот капацитет, како и Revolution фестивалот во Темишвар кој го посетија досега рекордни 20.000 луѓе, за EXIT Фестивал по никогаш поуспешната акција „4+1“ продадени се повеќе од 33.000 влезници, што претставува нов фестивалски рекорд за овој период од годината и најавува нови рекорди! Четиридневните влезници за EXIT (6-9. јули) во продажба се по актуелната цена од 3.920 денари, што и понатаму е со дури 50% попуст во однос на финалната. Оваа цена ќе биде актуелна уште само неколку дена т.е. до 15-ти јуни, а можеби и пократко доколку предвидените количини се продадат и пред овој, краен рок. Токму затоа во моментов и најмногу се бараат пакетите под добро познатото име EXIT Авантура, а кои на четирите дена Exit ги додаваат и уште трите дена на Sea Dance фестивалот, од 13-ти до 15-ти јули и тоа по цена од само 4.135 денари! За дополнителни само 999 денари, во продажба се и петдневните влезници кои го опфаќаат и спектакуларниот концерт на The Killers на главната бина на Exit во среда на 5-ти јули, а со секоја EXIT влезница добивате и слободен влез на специјалниот No Sleep фестивал кој одвоено се одржува истата ноќ, но на други две бини, Dance Arena и No Sleep Novi Sad. Во понуда се и специјално скроените туристички пакети кои опфаќаат превоз, сместување и влезници за EXIT фестивал достапни преку официјалниот сајт на Exit туристичката агенција EXIT Trip.

И оваа година во Нови Сад стигнуваат гости од околу 70 земји во светот, од буквално сите континенти, а меѓу нив се и гостите од прилично далечните дестинации како Аргентина, Нов Зеланд, Мексико, Русија и Кина, како и буквално сите земји во Европа. Традицијата на голем број гости од Велика Британија оваа година делува поизедначено од било кога со некои од другите земји од кои доаѓаат најголемите групи на посетители, и тука се сѐ уште многу застапените Грција, Франција, Германија и Шпанија. По одличните Sea Star и Revolution фестивали, голем број посетители доаѓаат од Хрватска и Романија, а огромен интерес владее посебно за нултиот ден и концертниот спектакл на групата The Killers.

EXIT оваа година слави 50 години од славното Лето на љубовта, одбележувајќи ги настаните од 1967-ма година, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот. Овој општествен феномен ги собра луѓето од бројни делови од планетата околу идејата за заедништво, мир, солидарност и љубов, а имаше и немерливо влијание на современата музика, но и културата во целина, а тоа беше и ќе биде тема на сите фестивали на Exit. Оваа година воведен е и нулти ден на фестивалот, кога во среда, 5-ти јули на главната бина ќе настапи еден од најголемите рок бендови на нашето време The Killers, додека на Dance Arena истата ноќ во рамки на No Sleep фестивалот нѐ очекува Jeff Mills со тричасовен сет. Ним, од 5-ти до 9-ти јули на бините низ Петроварадинска тврдина ќе им се придружат и Liam Gallagher, Years & Years, Rag’n’Bone Man, Jake Bugg, Paul Kalkbrenner, Hardwell, Jason Derulo, Roisin Murphy, Solomun b2b Dixon, The Jesus and Mary Chain, Jamie Jones, Black Coffee, Alan Walker, Lost Frequencies, Red Axes, Noisia, Foreign Beggars, Ellen Allien, Bjarki, Dax J, Princess Nokia и бројни други.

Facebook Коментари