„Промедика Офталмологија“ и Д-р. Наум Трпеноски нудат комплетно покривање на трошоците за лекување на девојчето кое бараше помош во центарот на Охрид

- Локални
898

На социјалната мрежа Facebook кружи информација за малолетно девојче кое во центарот на Охрид бара помош и собира пари за лекување на очите.

Информацијата допре и до стручните лица и хуманоста ја покажа својата моќ

Синоќа помош понуди „Промедика Офталмологија“ и Д-р. Наум Трпеноски.

– Очната клиника „Промедика Офталмологија“ и Д-р. Наум Трпеноски испраќаат апел до сите граѓани коишто имаат било каков контакт од детето на фотографијата, Ве молиме исконтактирајте нѐ на телефонските броеви: 02/3122120 или 071/301-301. Целиот потребен трошок ќе биде покриен од страна на клиниката, така што никакви средства не се потребни, објавија од клиниката на профилот на Facebook

Facebook Коментари