Во недела (3-ти ноември) во Струга ќе се одржи манифестацијата „Нов културен бран 2019“ . Во рамките на планираната програма, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци “ ќе биде промовирана книгата „Утро во Франкфурт“ од авторката Мирјана Стојановска. Потоа ќе следува сценска изведба на Ана Жежовска и Симеона Павловска. Како солист на гитара ќе настапи Драган Микаровски, а потоа ќе биде отворена изложба на ракотворби од македонскиот и германскиот етнос.
Стартот на овој поетско-сценски, музички и изложбен перформанс е закажан за 12:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари