Милчо Чакарески повеќе не е спортски директор на Сениорската репрезентација на Македонија

- Спорт
855

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија во моментов е без спортски директор, откако Ракометната федерација на Македонија (РФМ)  потврди дека Милчо Чакарески заврши со својот ангажман. Стружанецот на функцијата спортски директор дојде во 2016 година.

Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман. Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, поради персонални професионални ангажмани се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации. – стои во соопштението од РФМ.

Од РФМ информираат дека во период кој следува ќе се одржи седница на ОУ на која ќе се назначи заменикот на Чакарески.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари