Вечерва во кафе-бар „Шила“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Белиот трофеј“ на Блаже Аризанов.
Не сите Струмичани одат во Охрид да продаваат карпузи. Овој Струмичанец им ја промени судбината на илјадници млади луѓе во Индија со неговата, моментално една од најконтроверзните стартап компании во Индија – StayUncle чија основна дејност е обезбедување на хотелски соби за краток престој на лубовни парови.
„Белиот трофеј“ го следи трнливиот пат кон успехот на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 неизвесни години ја основа компанијата Стеј анкл (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја.
Книга за цената што треба да се плати за да се освои слободата и да се оствари сонот. За вербата во себе и кршењето на конзервативните табуа. Искрена и восхитувачка, оваа неверојатна приказна ќе ве инспирира да продолжите кон успехот и тогаш кога не го гледате излезот.
Промоцијата ќе започне во 20:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари