Лев банер Десен банер

Промоцијата на трите нови едукативни прирачници посветени на Споменикот на природа Вевчански Извори денеска во Струга

Промоцијата на трите нови едукативни прирачници посветени на Споменикот на природа Вевчански Извори, ќе се одржи денеска со почеток во 12:00 часот во Europe House Струга.
„Ве очекуваме на оваа промоција каде ќе имаме можност да слушнеме повеќе за значењето и примената на овие прирачници од страна на стручни лица од областа на образованието и заштитата на природата. Вашето присуство и учество во дискусиите ќе биде од големо значење за поттикнување на образовниот развој и еколошката свест меѓу младите“. – велат организаторите.
Прирачниците се изработени од Еко-свест како дел од проектот Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори, спроведуван од преку локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
StrugaOnline

error: