Промовиран е новиот видео спот за химната на Децата со ретки болести

- Локални
824

Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, денес е промовиран новиот видео спот за химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR.

Песната е посветена на Децата со ретки болести и е снимена во студиото „Китрозон“. Музиката е на Јовица Каралиевски, текстот го напиша Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Истата беше промовирана минатата година како дел од кампањата за подигнување на видливоста на лицата со ретки болести.

Химната ја исполнуваат најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR, односно OhridSUPERSTAR Band, кој го сочинуваат Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. Екипата на Супер радио се погрижи за целиот пакет да биде комплетиран и соодветно промовиран, а Дамјан Пејчиноски го отсвири делот на гитара. За снимањето на видео спотот се погрижи МЕГА Продукција и режисерот Илија Пиперкоски.

Strugaonline

Facebook Коментари