Патниот правец Охрид – Струга, од Подмоље до Еврохотел e затворен за сообраќај

- Локални
756

Поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од Подмоље до Еврохотел – Струга е затворен за сообраќај за сите видови на возила.-информираат од АМСМ

Од авто-мото сојузот додаваат  дека забраната ќе важи до завршување на градежните работи.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Извор: АМСМ

Strugaonline

Facebook Коментари