Промовирана монографија „Пензионерски активности за почит“

- Локални
858

На 20 април пред претседателите на Извршните одбори на здруженијата на пензионерите и пред голем број љубители на пишаниот збор, во Скопје Сојузот на здруженијата пензионери на Македонија ја промовираа монографијата насловена „ПЕНЗИОНЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА ПОЧИТ“, по повод 70 години пензионерско организирање во земјата.

Монографијата, која е резултат на долгорочна макотрпна,истражувачка и комплексна работа, како што вели главниот уредник на манографијата, воедно и еден од авторите, претседателот на СЗПМ, Драги Аргоровски, истакна дека ова дело ќе остави трајна трага во историјата на Сојузот на пензионерите на Македонија за пензионерските активности и постигнувања во изминатите седумдесет години.

Рецензентот на маонографијата Александар Димковски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“, покрај многу убавите зборови упатени кон монографијата рече: дека сите значајни настани од почетоците во 1946 година, до денес се подредени во ова дело.
Во монографијата сите десет поглавја се обработени аналитички, професионално и изобилуваат со факти и аргументи, со што на идните генерации им се остава едно непроценливо богатство и база за податоци, собрани и систематизирани на едно место истакан рецензeнтот Александар Димковски.

Стојан Кукунешоски

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари