На просветните инспектори Ѓорѓи Илиески и Зоран Ристевски вчера не им било дозволено да извршат вонреден инспекциски надзор на Меѓународниот универзитет во Струга на Рамиз Мерко. Иако уредно се легитимирале и покажале налог од Државниот просветен инспекторат и второстепената комисија за образование, одговорното лице не им дозволило да ја вршат својата работа. -објави порталот OhridNews
–Не ни беше овозможено на Меѓународниот универзитет во Струга од страна на одговорното лице Арбен Кадриу да се изврши инспекцискиот надзор за да се констатираат проблемите кои таму ги има повеќе од 2-3 години. – изјавил Ѓорѓи Илиески, виш просветен инспекор.
Просветните инспектори тврделе дека ова не е прв пат да не им биде овозможено да извршат надзор во оваа високообразовна институција каде, како што тврдат, се сомнителни многу дипломи, вклучително и на актуелни политичари, за што тие ќе ги информираат сите надлежни институции, вклучително и владата, претседателот на државата, народниот правобранител и дипломатските претставништва.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК
Извор: OhridNews
Facebook Коментари