Работилница на тема „Единството лежи во различноста! “во Струга

- Локални
834

Во сабота,  21.04.2018 година во хотелот „Мираж“ во Струга  ќе се одржи првата работилница со наслов “ Кажи кој си и почитувај ги другите „  оваа работилница се реалзира во рамките на проектот „ЕДИНСТВОТО ЛЕЖИ ВО РАЗЛИЧНОСТА!“ кој е дел од  Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.

Учесниците на работилницата ќе се запознаат со  многу теми од другите етницитети , нивните традиции, фолклор, готвење и најважнoто,  ќе бидат слободни да ja претстават својата култура и да се запознаат со други култури. За учество право да се пријавуваат имаа млади на возраст од 16-22 години.
Организаторите информираат дека  на работилницата ќе се споделуваат  мислењa и ќе се работат презентации кои на крајот на овој проект  ќе може да се презентираат во центарот на Струга.

Оваа активност е дел од проектот „Единството лежи во различноста! “ реализиран од Linking, Engagement, Advocacy and Development, LEAD стипендистката Евиса Хода, а поддржан од проектот на УСАИД за Граѓанско учество.

Strugaonline

Фото: aрхива

Facebook Коментари