Работник од Кина се здобил со тешки повреди при работа на автопатот Охрид-Кичево

- Локални
190

– На 23-ти април 2023 година, во СВР Охрид, од специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 40-годишниот Ш.Ч. од Кина.

– Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10:00 часот при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај селото Оровник. Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари