Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ златна шанса за младите и надежни ракометари

- Локални
1537

Третиот ракометен камп „Крил Лазаров 7 “ започна на 20 овој месец и се одвива во одлична атмосфера. На кампот годинава учествуваат 300 учесници од Македонија и странство.  Учесниците се поделени во две групи, за едните кампот трае од 20 до 26 јуни, а втората група истото искуство ќе го доживее од 26 јуни до 2-ри јули.

Учесниците имаат можност да совладаат спортски , ракометни вештини учејќи од најдобрите. Всушност и самиот Кирил Лазаров, во описот на неговата идеја за кампот која започна да се реализира пред три години вели дека неговиот сон е своето знаење да го пренесе на младите кои во иднина со гордост ќе го носат националниот дреc и ќе нижат спортски успеси.

За Play radio и Strugaonline Анита Даева, (ПР на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ и претставник на Агенцијата КМГ Спорт) преку соодветен пример на најдобар можен начин опиша колку овој камп е важен за учесниците.

„На кампот имаме учесник по потекло од Македонија кој што живее во Германија, има осумнаесет години и планира да студира медицицина. Уписите на студиите во Австрија каде планира да се запише се само три дена по завршувањето на кампот. Момчето во Охрид дојде со книги, навечер под рефлектори учи и се подготвува за приемен испит. Сето тоа го прави само за да не го прпошушти овогодинешниот ракометен камп на Лазаров иако неговото запишување на факултет има многу значаен удел во неговата иднина. Ова е само еден пример преку кој може да се забележи што всушност претставува кампот на Кирил Лазаров за учесниците.“ – откри Даева

Обидувајќи се со зборови да ја долови прекрасната атмосфера која владее таа додаде дека освен тренинзите кои се основна цел на кампот, децата пред се учат да бидат добри луѓе. Затоа што, како што вели добар спортист може да биде само оној кој најпрво е добар човек.

Даева истакна дека освен што Кирил Лазаров е постојано со учесниците и им е безрезервно посветен , тој и годинава  го донел и најстручниот тим од Македонија и странство да работи со децата кои на кампот имаат ексклузивна можност да го покажат и развиваат својот талент.

Освен тренинзите, на децата- учесници на кампот им се укажува за важноста на здравата исхрана, практично изучуваат како функционира спортската психологија, а за нив се организирани и забавни активности преку кои ќе можат да ги изразат своите таленти и во други области.

Изненадувањата не завршуваат тука, убави вести Кирил Лазаров ќе сподели на прес-конференција која ќе се одржи наскоро.

Извор: Strugaonline

Ирена Мрческа

Facebook Коментари