Распишан е конкурсот за најдобар расказ – награда „Живко Чинго“

- Локални
1707

 

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13-ти август, веќе е распишан конкурсот за најдобар расказ.

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

Трудовите терба да се доставуваат во печатена форма, во три примероци, под шифра, на адресата на Општина Охрид. Краен рок за доставување на расказите е 31-ви јули, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 8-ми август.

Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

Извор: ОхридПреc\Strugaonline

Facebook Коментари