Џез квартетот „Форплеј” ќе го отвори 57-то „Охридско лето“

- Локални
1023

Со концерт во Античкиот театар во Охрид следната среда светската џез атракција „Форплеј” ќе го означи почетокот на  57-то издание на најпознатата музичко сценска манифестација која има долга традиција – фестивалот „Охридско лето“.

„Форплеј” е светски познат џез квартет кој на музичката сцена  опстојува  повеќе од 25 години.

Фестивалот Охридско лето, негувајќи ја споменатата традиција секоја година е на висина на задачата нудејќи  атрактивна и богата програма која привлекува многубројна публика за време на сите 40 фестивалски вечери.

Годинава на програмата се предвидени  над 50 настани, од музички, драмски, балетски претстави и активности во делот на дополнителната програма. Својата маестралност од сите области во уметноста годинава ќе ја покажат уметници од  Русија, САД, Канада, Австрија, Кина, Индонезија, Израел, Италија, Франција, Германија, Полска, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Ерменија, Турција и Грција.

Facebook Коментари