Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде”

- Локални
118

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига” –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде” за најдобра песна за деца.

Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 20.2.202година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта [email protected] . Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот.

Минатата година наградите ги добија: прво место, Сузана Ѓорѓиевска  со песната „Песна за една врана ненаспана”,второ место Јана Сиљаноска за „Оглас на инстаграм”и трето место Слаѓана Ставрева за „Сватови зеленчуковци”.

StrugaOnline

Facebook Коментари