„Разговори за успехот со Хајан Селмани“ во петок во Струга

- Локални
1040

Финалниот настан „Разговори за успехот со Хајан Селмани“ во Струга кој ќе се одржи на 21-ви декември 2018 (петок) со почеток во 17:00 часот во Хотел Дрим (конгресна сала). На настанот покрај говорот на реномираниот бизнисмен од Македонија Хајан Селмани, ќе се презентираат и резултатите од проектот Подобри се – Зајакнија твојата заедница! кој е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество а се имплементираше во претходните девет месеци од страна на Локална Агенција за Развој – Струга.


Овој настан се организира како финален настан на проектот „Подобри се – Зајакнија твојата заедница! “, чија цел беше да промовира лидерство меѓу младите во југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) и да ги инспирира да преземат проактивни улоги во нивните заедници. Во проектот спроведовме четири обуки за личен и професионален развој на младите; се промовираа и се поддржуваа младите како лидери во нивните заедници преку активности кои самите ги спроведоа; се релизираа пет студиски патувања и се воспостави соработка помеѓу младите и бизнис секторот, младинските организации и други релевантни институции кои можат да ги поддржат во нивната кариера.

Хајан Селмани е претприемач, лидер, експерт за технологија со визија и цел да влијае на заедницата и светот преку креирање на технолошки иновации. Хајан Селмани е основач и извршен директор на HASELT, интернационална компанија којашто се занимава со развој на софтвер, дизајн, технолошки иновации и ИТ консалтинг, со главно седиште во Скопје и свои канцеларии во Цирих и Њујорк.

HASELT е препознаена како една од најпрогресивните софтвер и ИТ компании во регионот, којашто се фокусира во развој на софтверски услуги и производи во едни од нај иновативните пазари во светот (САД, Естонија, Швајцарија, Англија, Шведска, меѓу другите), со користење модерни и најнапредни технологии.

Хајан е исто така познат по своите одржани повеќе од 400 предавања и јавни говори на теми воглавно од технологија, претприемништво, лидерство и мотивација. Моментално е претседател на Македонската .НЕТ Заедница на програмери и пошироко е препознаен по своите 6 Microsoft MVP титули како и советодавната улога којашто ја има во познати светски ИТ гиганти.

Денес е активен инвеститор, советник за иновации, технологии и бизнис во реномирани домашни и странски компании воглавно во Европа и САД, вклучувајќи компании од Silicon Valley.

Strugaonline

Facebook Коментари