Денеска во Струга започнува филмската манифестација „Млади Европејци“

- Локални
680

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, од денеска, па се до до 19-ти декември ќе ја реализира филмската манифестација „Млади Европејци“ која е дел од проектот „Европски филм за млада публика“, а се организира од страна на Здружението на филмски продуценти на Македонија – МЗФП Скопје. Проекциите сите три дена се со почеток во 19:00 ч, а влезот е бесплатен.

Во рамките на оваа манифестација ќе се прикажат следните филмови:

1. Mладешка самотија / Young Solitude – (17.12.2018)
Времетраење / Runtime: 100’
Држава / Country: Франција / France
Режија / Director: Claire Simon
Клер Симон ни прикажува еден важен период од животот на секој човек, од 16 до 18 години. Сместени во едно париско предградие во средно училиште (за оние што се доволно среќни воопшто да одат на училиште), тинејџерки разговараат по и за време на часовите, седнати во школските ходници или надвор на некоја клупа, гледајќи во градот под нив. Клер Симот поставува кинематографски дијалог со тинејџерките, кои зборуваат за нивниот личен живот, за нивните семејства, но и за страстите и осаменоста.

2. Стрикер (Гол натрапник) / Streaker – (18.12.2018)
Времетраење / Runtime: 1h 38min
Јазик / Languages: German, Schwyzerdütsch
Режија / Director: Peter Luisi, Beat Schlatter (co-writer)
За да излезе од финансиска криза, наставникот во средното училиште Балз Наф (53) започнува со нелегални спортски обложувања.

3. Крај мене (Beside Me) – (19.12.2018)
КРАЈ МЕНЕ (Beside Me / Coborâm la prima, 2017)Режија: Теди Некула/Tedy Necula (RO), 84 мин.Подземната железница во Букурешт е блокирана во утринските часови, само еден ден по ужасниот пожар во еден од ноќните клубови на главниот град со голем број починати или поврдени млади луѓе. Овој инспиративен филм на младиот романски режисер Теди Некула, на кој истовремено може да се гледа и како на социјален експеримент, претставува алегориска приказна за самиот свет и за односите во него. Луѓето тргнати на пат почнуваат да разговараат еден со друг. Што се случува кога времето, магично или механички, ќе застане за еден момент… или за половина час? Кога другиот сум јас, а јас сум другиот и кога времето „изгубено“ може да се претвори во време „добиено“ (пријател, искуство, разговор). На крајот на патот претворен во патешествие, некој излегува променет.

Strugaonline

Facebook Коментари