Регионален настан во Струга организиран од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

- Локални
230

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, кој е финансиран од Европската Унија, има за цел да придонесе кон обезбедување рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и пристапна и стимулативна средина за учење, преку месечни стипендии и образовна поддршка за учениците со попреченост, грантови и обука за училиштата, како и развивање на јавната свест.  Овој проект се заложува за квалитетно и инклузивно основно образование со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали. Проектот го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор”, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак”, а вo соработка со Министерството за образование и наука.

На 10-ти мај во 11:00 во Општинската сала во Општина Струга ќе се одржи регионален настан и истиот ќе биде со времетраење од 2 часа.

На овие средби се поканети претставници од општините, училиштата, граѓански организации, општествено одговорни компании и поединци. Целта на овие настани е да се разговара за инклузијата и инклузивното образование, да се претстават локалните текови на полето на инклузија, да се споделат активностите и постигнувањата на Проектот, а планирана е и заедничка дискусија за успешните приказни на полето на инклузијата како и предизвиците со кои се соочуваат училиштата, институциите и општините во својата намера да обезбедат инклузивна клима.

Facebook Коментари