Реприза на претставата ,,Океанија“ утревечер во Струга

- Интервју, Локални
390

Во минутите посветени на културата, после премиерата што се одржа на 5-ти јули, денеска во ,,Play cafe“ на Play radio  ја  најавивме репризата на претставата за деца, млади и возрасни, насловена како Океанија.

Истата е закажана за утре од 20:30 часот покрај Охридското езеро во близина на Скаут Камп во Струга.

Претставата „Океанија“ е авторско дело на Мартин Миљев (текст и драматургија), режисер е Мирослав Петковиќ, сценографијата ја изработија уметниците Бојан Секулоски, Викторија Попоска и Милко Нестороски. Поддржана е од Министерство за култура, Центар за култура Браќа Миладинвоци, Јуроп Хаус Струга, а во во организација на здружението „Арт Манија“ од Куманово.

Деталите околу креирањето на оваа претства во смисла на содржина и сценографија, ги дознавме од режисерот Мирослав Петковиќ и Мишо Димитриевски, асистент на режија.

Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари