Ристе Талески: ТППЕ Струга врши дезинфекција во градот, граѓаните соработуваат и покажуваат свесност за сериозноста на ситуацијата

- Локални
1526

Со одлука на градоначалникот на општина Струга,   во текот на вчерашниот ден Територијалната противпожарна единица Струга заедно со ЈП Комунално Струга ги миеше најфрекфентните улици во општина Струга, пристапот до јавните здравствени установи и други места, а во раните утрински часови се вршеше целосна дезинфекција на истите.

„Aкцијата на чистење и дезинфекција се одвива успешно, граѓаните покажаа голема свесност и соработуваат со нашата служба, нашата препорака до нив за паркирање на возилата на соодветно место за да можеме да дезинфицираме непречено е испочитувана. Во 10:00 часот започнуваме со дезинфекција на струшката чаршија“ – изјави за Strugaonline Ристе Талески, заменик командир на ТППЕ Струга.

Од службата апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија , за зачувување на колективното здравје и соодветна заштита од вирусот.

Strugaonline

Facebook Коментари