РК Струга славеше дома над РК Работнички

- Локални
600

РК Струга ја забележа првата победа во новата сезона од Суперлигата, откако во 10. коло славеше на домашен терен против составот на Работнички  со 32-31.

Во првото полувреме имаше речиси изедначена игра, се до моментот кога Работнички направи серија од три гола за 11-14, а на пауза РК Струга беше во негатива од четири гола (15-19)

Стружани не се откажуваа. Беше 28-30, но Маркоски, Крстаноски и  два пати Цветан Кузманоски реализираа за 32-30.

Потоа Темелкоски намали на 32-31, за победа на РК Струга

Најдобри стрелци беа Кузманоски со девет и Крстаноски со осум погодоци, во составот на гостите Давор Палевски со 13 голови.

Strugaonline

 

Facebook Коментари