Рожденство Христово – Божик, празник на радоста и надежта

- Локални
627

Денеска се празнува големиот христијански празник Рожденство Христово Божик. Одбележувањето во црквата Свети Георгиј во Струга  започна со  Утрена Богослужба, а  потоа се одржа Света Божествена Литургија.  После вчерашната посна трпеза, со оглед на тоа дека денеска завршија Божикните пости, во домовите се подготвува богата трпеза и се слави Христовото раѓање што воедно се смета и за почеток на нова ера.

Божик се слави во кругот на семејството со желби за здравје, среќа, љубов и берикет. Божик е празник на радоста и надежта.

Strugaonline

 

Facebook Коментари